Последната лиценца на кочанската дискотека пред две години ја потпишала екс државната секретарка во министерството за економија Размена Чекиќ Дуровиќ.
Според документот што го објавува ТВ21 потпис на лиценцата за работа на дискотеката ставила тогашната државна секретарка во министерството за економија кое го водел Крешник Бектеши.
Според информациите што ги објавува ТВ21 во моментов дискотеката немала неважечка лиценца, односно последната била издадена на 13 март 2023 година и истата имала важност една година.
