Таткото на Вања Ѓорчевска, Александар не можејќи да го слуша сведочењето на Велибор Манев за грабнувањето на Вања, заплаче во судница, па судењето беше прекинато, објави 21ТВ.
Манев седна пред говорницата и се сврти кон другата страна кон ѕидот, неможејќи да го гледа таткото Александар.
Александар Ѓорчевски беше изнесен од судницата, по што беше дадена пауза од 10 минути.
Претходно Манев во сведочењето кажа дека Палчо му покажувал фотографии на 40-годишна жена, а не на девојче, кое требало да се грабне. Палчо им кажал на другите обвинети дека ја следел 40-годишната жена, ќерка на некој од фармацевските куќи, и дека 10-тина дена претходно ја следел, ги гледал навиките, каде излегува, каде оди, каде работи и ја сликал со телефон.
Манев рече дека имало претходно два неуспешни обиди за грабнување.
„Првиот пат беше неуспешно, и се вративме во канцеларијата. Палчо ни го објасни системот и начинот како се отвора вратата на самата зграда. Ни го објасни внатрешниот енериер и распоред на скали. Дека има позади подрумски скали и дека од внатре може полесно да се земе жената. Вториот пат отидовме во зградата, но од еден од дуќаните излезе жена во тој момент, па се одложи и вториот пат на грабнувањето“, рече Манев.