ПРВ.мк

Бујар Османи и Артан Груби гарантирале Бугари во Устав: Во Брисел биле изнeнaдeни што воопшто Македонија го прифатила Францускиот предлог

Бујар Османи и Артан Груби гарантирале Бугари во Устав: Во Брисел биле изнeнaдeни што воопшто Македонија го прифатила Францускиот предлог
VERO Banner

Артан Груби и Бујар Османи биле гаранторите дека Македонија ќе ги внесе Бугарите во Устав. Европските челници биле изненадени што Македонија воопшто го прифатила Францускиот предлог, кој ни стана услов за почеток на преговорите со Европската Унија… Извори од Министерството за надворешни работи и надворшна трговија, велат дека поранешниот прв дипломат и екс вицепремиерот во Брисел убедувале, дека преходната Влада ќе обезбеди двотретинско мнозинство во Собранието за уставни измени по вкус на Бугарија.

-Тогашните носители на високи позиции во земјите членки на Европската Унија биле убедувани примарно од претходниот министер и од еден поранешен вицепремиер кој што сега не е во државата, дека тие имаат јасен конкретен план како да испорачаат двотретинско мнозинство во Собранието, велат извори од МНР.

Без никаква широка дебата во јавноста пред три години Владата предводена од Димитар Ковачевски, неговиот прв заменик Груби и министерот Османи го прифатија Францускиот предлог. Според извори од МНР, на ова се чуделе меѓународните фактори во Брисел, бидејќи им било јасно дека нема начин како да тоа да се испорача.

-Првото изненадување било прифаќањето. Кога се појавило ова решение од 2022-та година, нас ни е пренесено од неколку високи претставници и на Европската Унија и на неколку земји членки, дека во самата Европска Унија не било очекувано дека тогашната Влада ќе го прифати тоа решение. Пред се поради недостатокот на капацитет да го испорача. Самото решение во себе има инкорпорирано и многу други комплексни аспекти кои што водат кон крајно блокирање, велат извори од МНР.

Сега, главната цел на македонската Влада е повеќе да нема билатерални спорови на патот кон ЕУ. Поради тоа се бараат уставни измени со одложено дејство, односно внесувањето на Бугарите во Устав да биде по завршување на преговарачкиот процес.

-Тие јасно кажуваат дека уставните измени се само за отворање на преговорите и многу е очигледно дека начинот на кој се поставува Бугарија во моментов на тоа прашање е дека и доколку се направат уставните измени, во моментот кога ќе се отворат преговорите, повторно ќе се сведеме на билатерални прашања. И тоа е она кое што ние се обидуваме да го спречиме во моментов, велат извори од МНР.

Поради попустливоста на претходната власт, Македонија прифати условите и уцените на Бугарија да станат и пречка во евроинтеграциите, поради која во моментов сме блокирани за старт на преговорите со ЕУ. Инаку, за времето на владеењето на СДСМ, неколку пати беше соопштувано дека Македонија добила датум за старт на преговори со Европската Унија, датум кој се уште го нема.

Извор: alfa.mk

Agria
Stenton
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран