ПРВ.мк

Бугарското МЗ објави контакт број за роднините на настраданите кои се пренесени таму на лекување

Бугарското МЗ објави контакт број за роднините на настраданите кои се пренесени таму на лекување
VERO Banner

Роднините на настраданите во трагичниот настан во Кочани, кои се пренесени на лекување во Бугарија, информации за установата за лекување во која престојуваат нивните најблиски можат да добиваат 24/7 од дежурно лице во Министерството за здравство на Република Бугарија на телефонскиот број 02/ 8050 300.

Со воен авион „Спарта“ во Бугарија се пренесени осум лица кои настрадаа во пожарот во Кочани, Република Северна Македонија. Петмина од нив, како што објавија од бугарското Министерство за здравство, се сместени во УМБАЛСМ „Н. И. Пирогов“, од кои тројца се во тешка состојба, на апарати за дишење.

Како што објави бугарското МЗ, уште тројца со тешки изгореници, ќе бидат лекувани во болницата Варна во Военномедицинска академија.

Како што се најавува, се очекува да бидат пренесени уште шест лица во Бугарија.

Тројца од нив ќе се лекуваат во УМБАЛСМ „Н. И. Пирогов“, а тројца во УМБАЛ Свети Георги – Пловдив.

Agria
Stenton
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран