„Алијансата не ја даваме“ – под ова мото, активисти и членови на Алијансата за Албанците ќе се соберат во недела на заедничка средба за да разговараат за актуелната политичка состојба.
Оваа иницијатива доаѓа по барањето на Арбен Таравари за повлекување од централната власт, но и за излез од коалицијата ВЛЕН, коалиција со која Таравари настапи на парламентарните избори и се кандидираше за претседател.
„Драги пријатели, сопартијци и соборци, во недела под мотото ‘Алијансата не ја даваме’ ќе се собереме на една заедничка средба! За локацијата ќе ве информираме дополнително. Ве повикувам да се обединиме“, напиша еден активист и член на Алијансата за Албанците.