ПРВ.мк
Македонија

ОД ШОУ НА СКИИ ДО БОЛНИЦА: „Син на мајка“ си ја научи лекцијата на најтежок начин!

ОД ШОУ НА СКИИ ДО БОЛНИЦА: „Син на мајка“ си ја научи лекцијата на најтежок начин!
Kristal

Александар Михајловски, синот на актерот Тони Михајловски, повторно го привлече вниманието на јавноста, но овојпат не со хумор, туку со реална и болна случка од скијачка патека. Популарниот „син на мајка“, познат по своите духовити видеа и актерски настапи на социјалните мрежи, доживеа незгода која заврши со повреда и патерици.

Во обид да спои адреналин и содржина за публика, Александар решил истовремено да скија и да снима видео. Уверен дека има целосна контрола и дека сè ќе помине како на филм, тој се впуштил во спуст по стрмна патека. Првите секунди од видеото прикажуваат еуфорија, брзина и возбуда, но сцената брзо добива поинаков тек.

Наместо успешен спуст и вирално видео, следниот кадар го покажува Александар во болничка средина, со повредена нога и лекар кој му помага да застане на нозе. Од скијачка опрема – директно на патерици.

Иако исходот не бил воопшто посакуван, приказната сепак доби искрен и поучен тон. Овој пат, наместо шега, „син на мајка“ им испрати порака на сите дека преценувањето и ризикот можат скапо да чинат – особено кога камерата е поважна од безбедноста.

FixCredit
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo