ПРВ.мк
Македонија

Гори галијата кај Холидеј Ин: Интервенција во центарот на Скопје

Гори галијата кај Холидеј Ин: Интервенција во центарот на Скопје
Escape

Вечерва избувна пожар во галијата на реката Вардар, лоцирана кај хотелот „Холидеј Ин“ во срцето на Скопје. Според изјавата на командирот на Противпожарната бригада на Град Скопје, Ѕвонко Томевски, на терен се интервенира со едно возило и пет пожарникари.

– Нема опасност од проширување на пожарот – изјави Томевски за МИА, додавајќи дека интервенцијата е во тек и ситуацијата е под контрола.

Инцидентот предизвика внимание кај минувачите, но засега не се пријавени повредени лица.

Извор: ПлусИнфо

Mia Home Mavrovo