ПРВ.мк
Македонија

Нови вознемирувачки детали за девојката која падна од балкон!

Нови вознемирувачки детали за девојката која падна од балкон!
Kristal

Случајот со 19-годишната девојка од Тетово, која пред неколку дена падна од балкон, доби сосема нова и вознемирувачка димензија.

Инцидентот се случил на 14 март, кога девојката паднала од куќа на нејзиниот дедо, по што била итно пренесена на лекување во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Настанот веднаш предизвика големо внимание, но деталите кои сега излегуваат во јавноста фрлаат поинакво светло врз целиот случај.

Во текот на истрагата, полициските службеници дошле до сознанија дека девојката подолг период била изложена на психичко и физичко малтретирање од страна на нејзиниот татко. Тој самиот се пријавил во СВР Тетово, каде со него бил извршен службен разговор.

По насоки од јавен обвинител, лицето засега е пуштено, но надлежните најавуваат дека по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Овој случај отвора сериозни прашања за семејното насилство и неговите последици, кои понекогаш излегуваат на површина дури кога ќе се случи трагедија. Надлежните институции продолжуваат со истрагата за да се утврдат сите детали и одговорности.

SWM
Pharmanova
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo