Жените на возраст од 36 години и постари имаат подобри и почести оргазми од помладите, според истражувањето на апликацијата за контрацепција „Natural Cycles“.
Истражувањето се базира на податоци собрани од повеќе од 2.600 жени кои одговориле на прашања за нивното сексуално задоволство, чувството на привлечност и зачестеноста и квалитетот на оргазмите. Испитаничките биле поделени во три групи: до 23 години, од 23 до 36 години и 36 години и постари.
Иако можеби очекувате дека жените во раните дваесетти години најмногу ќе уживаат во сексот, резултатите покажаа спротивно – жените од најмладата група имале најмалку оргазми. Спротивно на тоа, жените во најстарата група доживуваат најчести и најквалитетни оргазми.
„Многу жени во доцните 30-ти и 40-ти години знаат што ги возбудува и можат лесно да комуницираат со своите партнери“, вели сексуалниот терапевт Иан Кернер.
За да ги објасни резултатите од истражувањето, Кернер укажува дека е важно да се разгледаат физичките и психолошките промени кои се случуваат кај жените по навршувањето на триесетата година.
Иако нивото на женските хормони е највисоко во средината на 20-тите, според него, најдобрите оргазми се случуваат кога жените стануваат ментално позрели.
„Постарите жени, исто така, често се во долги врски или бракови, каде се чувствуваат посакувано и сигурно“, додава Кернер.
„Со стареењето, жените стануваат посвесни за својата сексуалност и се повеќе поврзани со своите тела“, заклучува тој за „Health“.