ПРВ.мк

Студентка по право ќе ја претставува Македонија на „Мис на светот“

Студентка по право ќе ја претставува Македонија на „Мис на светот“
Jumbo Banner

Студентката на Правниот факултет при УКИМ во Скопје, Чарна Навзати (20) ќе ја претставува Северна Македонија на најпрестижниот избор на убавина- Мис на светот во Телангана, Индија.

Изборот ќе трае до 31 мај.

„Чест ми е што ќе ја претставувам мојата земја на изборот на Мис на светот 2025 година во Телангана, Индија од 7 до 31 мај 2025 година – Убавина со цел. Вистински ја ценам оваа можност што ми ја даде организацијата Мис Северна Македонија да ја претставам прекрасната култура и наследство на Северна Македонија на глобалната сцена“, напиша таа.

Во декември 2023, Навзати победи на ораторската вечер „Иво Пухан“ која се одржа на Правниот факултет „Јустинијан Први“, на тема „Кој ја плаќа цената на војната и тероризмот“.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран