ПРВ.мк
Магазин

Скршена мајка ѝ пиша писмо на ќерката која изгоре во пожарот во Кочани: „Зошто не ми кажа дека ќе одиш?“

Скршена мајка ѝ пиша писмо на ќерката која изгоре во пожарот во Кочани: „Зошто не ми кажа дека ќе одиш?“
Escape

Во потресно писмо, Стојка Антова ја оплакува својата ќерка Ивона, која трагично го загуби животот во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани на 16 март.

„Барем да те гушнев уште еднаш, барем да ти кажев колку те сакам — не еднаш, туку илјада пати“ – напишала мајката, излевајќи ја болката што ја носи секој ден.

Таа се присетува на моментите кога Ивона првпат кажала дека сака да стане моден креатор, на нејзината добрина и насмевка, на гласот што ја тешел.

„Ќерко, ми недостигаш. Љубовта не умира. Таа живее — во мене, во сите што те сакаа и ќе те сакаат засекогаш“ – стои во крајот на писмото кое ги разнежни сите кои го прочитаа. </3

Mia Home Mavrovo