Производи од просторите на бивша Југославија и денес кај многумина предизвикуваат носталгија, било поради квалитетот, домашното производство или препознатливиот дизајн.
Едни од таквите производи се лустерите од 1970-те, кои повторно стануваат хит на социјалните мрежи.
Во стилот на НЛО ерата
Фотографии од овие лустери од југословенскиот дизајн можат да се најдат на Facebook, Instagram, Twitter, па и на огласите, при што интересот е огромен.
Посебно внимание привлекол модело Meblo Guzzini XL со опална топка, дизајниран во стилот на НЛО ерата.
„Како деца ги гледавме и замислувавме дека се летечки чинии“, напишал еден корисник на Facebook.
Познатата фабрика
Интересот за овие лустери продолжува да расте, а цената им се движи од 150-200 евра па нагоре. Некогаш, Новата Горица во Словенија беше позната по фабриката за мебел Мебло, која во соработка со италијанската компанија Guzzini ги произведуваше овие препознатливи лустери.
Предмет на расправа
Денес, овие лустери се многу барани меѓу колекционерите и љубителите на ретро дизајнот. Иако некои сметаат дека југословенските производи не секогаш можеа да конкурираат со западните брендови, јасно е дека носталгијата за минатото и оригиналниот дизајн останува жива.