ПРВ.мк
Магазин

Одите на одмор? - Ситна грешка зад волан може да ве чини до 2.000 евра!

Одите на одмор? - Ситна грешка зад волан може да ве чини до 2.000 евра!
Escape

Дали мислите дека сте совесен возач и дека казните не важат за вас? Ако планирате летен одмор со автомобил во некоја од популарните дестинации како Хрватска, Грција или Црна Гора – размислете повторно. Дури и најмалите грешки може да ве чинат стотици, па дури и илјадници евра.

Во Хрватска, за пуштање на „бленди“ можете да бидете казнети до 260 евра, а оставен отворен прозорец на автомобил без надзор ве чини 30 евра. Во Грција, пушење во автомобил ако има дете под 12 години ќе ве удри со 1.500 евра казна и одземање возачка. Возење со влечки? 50 евра. Во Босна, чкрипење на гуми или прегласен старт – до 250 КМ (околу 125 евра).

Но, тоа е само почеток. Во Црна Гора и Хрватска, пребрзо возење или алкохол под дејство може да значат казни од над 2.000 евра или затвор до 60 дена! Во Грција, за пречекорување брзина од 20 км/ч – 100 евра, возење пијан – до 1.200 евра, и минување на црвено – 700 евра.

Дополнително, не плаќање на казна во странство не значи и бегање од неа. Може да добиете писмо дома со драстично зголемена сума – до 2.000 евра со адвокатски трошоци. А на граница? Ќе ве пречекаат со наплата.

Затоа, пред пат – проверете ги правилата во земјата што ја посетувате. Одморот е да се опуштите, не да платите казна што ќе го надмине буџетот за целиот пат.

Ask ChatGPT

Mia Home Mavrovo