Пронаоѓањето на вистинскиот партнер не е лесно. Понекогаш проблемот лежи во нас, бидејќи поради лажни уверувања не успеваме да ја пронајдеме вистинската љубов.
Еве шест најчести лажни уверувања што сингл девојките треба да ги променат за да ја најдат искрената љубов:
Мислите дека на мажите им се допаѓа одреден тип жени
Ако идеализирате еден тип жени, веројатно мислите дека и мажите ги сакаат истите. Но, тоа не е точно. Мажите сакаат жени кои се сигурни во своето тело и интелигенција. Работете на самодовербата и научете да се чувствувате добро во своја кожа.
Се споредувате со другите жени
Споредбите обично водат до омаловажување на себе. Наместо тоа, фокусирајте се на позитивните аспекти кај себе и другите. Дајте комплименти и прифатете го својот изглед и личност.
Сметате дека треба да глумите за да го привлечете совршениот маж
Не треба да глумите за да привлечете партнер. Единствениот начин за стабилна врска е да бидете тоа што сте. Ништо не е попривлечно од жена која е свесна за својата вредност и знае што сака.
Зацртани сте за идеалниот маж
Се надевате на партнер кој е совршен во сите аспекти, но тоа е многу ретко. Наместо да се фокусирате на физички изглед, обрнете внимание на неговите особини и амбиции. Фокусирајте се на квалитетите кои ќе го направат вашиот живот заедно убав.
Вашиот збор мора да биде последен
Играњето игри во врската создава недоверба и конкуренција. Наместо да се натпреварувате, обидете се да најдете компромис и да ги споделувате одговорностите. Тоа ќе ви донесе мир и стабилност.
Мислите дека е предоцна за се’
Не дозволувајте да се убедувате дека сте ги пропуштиле сите шанси. Љубовта не се планира, таа се случува. Почнете да верувате дека и вие ќе ја најдете својата среќа, бидејќи на вистинската љубов не ѝ е важно времето.
Заборавете на старите навики и размислувајте позитивно. Убедете се дека постои некој кој ве чека, а додека го чекате, изградете подобра врска со себе.