ПРВ.мк

Неколку лоши навики кои ве спречуваат да доживеете огромно задоволство во кревет

Неколку лоши навики кои ве спречуваат да доживеете огромно задоволство во кревет
VERO Banner

Некои сексуални навики навистина можат да интервенираат сериозно во вашата способност да добивате оргазам. Кои се тие?

Секс само кога сте пијани

Алкохолот значително влијае на способноста на мажите за ејакулација. Многу поверојатно е ерекцијата само да падне предвремено отколку да достигне до ејакулација, што ве доведува и вас до оргазам. Кај жените ситуацијата е слична. Алкохолот ги затапува чувствата и го „приспива” нервниот систем. Затоа нервните завршетоци во гениталната област не се толку чувствителни.

Често се преправате

Имитацијата на оргазам го попречува реалното постигнување и уживањето во возењето. Во обид да ја задржите самодовербата на партнерот вие го лажете. Тој мисли дека ги прави работите како што треба, а тоа не е така. На овој начин се лишувате од оргазам, а на партнерот му попречувате да го запознае целосно телото и што точно ви се допаѓа.

Ја прескокнувате предиграта

Предиграта е важна. Таа има за цел да ве подготви, да се подигне степенот на расположението и да ве возбуди максимално. Освен што ќе го наградите партнерот со голема доза бакнежи, исто така ќе добиете посебно внимание. Ова влијае директно влијае на достигнувањето до оргазам понатаму во сексуалното искуство.

Спалната ви е кочина

Ако спалната ви личи на кочина со валкани алишта, чинии, чаши од јадење и пиење, во спалната соба под покривката нема како расположението за секс да е на ниво. Звучи неверојатно, но бидејќи сексот е истовремено физичко и психолошко искуство, нередот во спалната навистина може да го спречи на оргазмот. Тоа е докажано од специјални истражување на мозочната активност пред и за време на секс во неуредна спална.

Премногу го критикувате партнерот

Од една страна е убаво да го насочуваме партнерот. Така тој ќе знае што ни се допаѓа и ќе се труди повеќе. Ние, пак, ќе го добиеме посакуваното уживање токму како што сакаме. Но, премногу критики го уништуваат машкото либидо, што ќе доведе до спонтано запирање на ерекцијата. Така ќе се простите и со вашиот оргазам.

Очекувањата се премногу високи

Престанете да живеете во земјата на чудата, каде оргазмот е едно неверојатно магично, волшебно и опасно искуство кое ве обзема секој пат.
Е, навистина вреди и дефинитивно е одлично да добиеш оргазам, но не му давајте дури такво волшебно значење, бидејќи така ќе се разочарате уште повеќе.

Agria
Stenton
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран