ПРВ.мк

Неколку едноставни начини како да се одвикнете од грицкањето нокти

Неколку едноставни начини како да се одвикнете од грицкањето нокти
VERO Banner

Грицкањето нокти има и фенси име „онигохагија“. Ова е доста распространет и чест феномен, особено кај децата.

Постојат многу причини поради кои луѓето си ги грицкаат ноктите, како на пример досада, стрес, нервоза, возбуда или вишок на енергија.

Ако грицкате нокти треба да сте свесни дека оваа навика си носи свои ризици. На пример, може почесто да се разболувате, бидејќи рацете постојано ви се во уста и сте изложени на повеќе бактерии.

Ставете акрилни нокти

Ставањето акрилни нокти може да биде добра стратегија за ослободување од оваа навика. Акрилните нокти не се толку „вкусни“ како природните. Исто така постојат и специјални лакови на нокти со лош вкус кои се наменети токму за борба против грицкањето. Посветените грицкачи дури и лошиот вкус не може да ги спречи, но пластиката можеби ќе им помогне. Доколку не ги боите вашите нокти одберете проѕирни нокти или француски маникир.

Одржувајте ги ноктите

Кратко потсечените нокти исто така може да бидат решение. Сечете ги ноктите често, така што ќе ги направите потешки за грицкање. Можете и редовно да одите на маникир, така што вашата ментална состојба ќе биде насочена кон тоа ноктите да ви бидат уредни. Воедно одржувајте ги и кутикулите, бидејќи грицкачите често знаат да продолжат и со кожата покрај нокотот.

Потсетувајте се

Понекогаш е доволно нешто да ви го привлече вниманието, како на пример црвена панделка или налепница на нокотот. Тие служат да ве потсетат што правите, а бидејќи грицкањето нокти е махинално потребно ви е некој или нешто постојано да ве потсетува дека повторно го правите тоа што не треба.

Павлов-ефект

Можете да се обидете и со Павловиот ефект. Ставете ластик на раката и секој пат кога ќе забележите дека ги грицкате ноктите истегнете го ластикот и оставете го да ве удри. Ова ќе ви помогне да сфатите колку често ја ставате раката во уста, а воедно и болката која си ја нанесувате постојано може да ве одврати од грицкањето по некое време.

Ослободување од стресот

Доколку нервозата и стресот се причината поради која ги грицкате ноктите, тогаш најдобро е да поработите на тој аспект од вашиот живот. Обидете се да се ослободите од тензијата така што ќе стискате топче против стрес, или ќе пронајдете друга техника против стрес која вам ви одговара.

Нова навика или активност

Правете нешто со рацете, држете ги зафатени. Решавајте сложувалка, најдете некоја техника за правење рачни ракотворби, тропкајте со прстите или пак насочете го вниманието на друго место и потпевнувајте си, џвакајте мастика или јадете бонбони.

Најбитно од сѐ е да ја откриете причината поради која ги грицкате ноктите. Доколку самите не можете да си помогнете можете да се обратите и кај психолог или кај психотерапевт. Не треба да дозволите оваа навика да ве следи низ текот на целиот живот – не потценувајте ја.

Agria
Stenton
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран