Културата на пиење кафе се разликува во секоја земја, но вообичаено, скоро секогаш се сервира шолја кафе со чаша ладна вода. Меѓутоа, има места каде што ако нарачате вода со кафето, таа може да биде дополнително наплатена.
Интересно е што чашата вода која се сервира со кафето првично не била за пиење. Пиењето кафе започнало во 16. век, а Турците и народите на Отоманскиот Султанат брзо ја прифатиле оваа навика, додека во Западна Европа таа се појавила многу подоцна – на крајот на 19. век. Во „викторијанската ера“, дамите од високата класа се жалеле дека имаат „проблеми“ со лажицата со која го мешаат шеќерот во кафето, бидејќи им сметало да ја поставуваат извалканата лажица на работ од тацната.
Тој потег многумина го сметале за „нецивилизиран“ и „неелегантен“, па рестораните започнале да сервираат чаша вода за да се исплакне лажицата пред да ја стави на тацната.
Денес, кога ќе добиете чаша вода до кафето, тоа се смета за знак на добри манири, иако не е вообичаено во сите земји.