ПРВ.мк

Највкусните домашни кифлички – меки како душа, лесни како памук!

Највкусните домашни кифлички – меки како душа, лесни како памук!
Jumbo Banner

Пред да започнете со подготовка на кифличките, бидете сигурни дека сите состојки се на собна температура.

Загрејте малку млеко и додадете квасец, малку шеќер и брашно, па оставете да стаса. Во длабок сад, просејте го брашното, па додадете јајца, зејтин, шеќер, сол и надојдениот квасец со млекото. Замесете убаво тесто, меко и мазно, кое не се лепи за рацете. Ставете го во сад, покријте со крпа и оставете го на топло место да нарасне.

Кога тестото ќе нарасне, ставете го на набрашнета површина и поделете го на 4 еднакви делови. Од секој дел расукајте кора во круг. Кората намачкајте ја со маргарин и исечете ја на 12 или 16 делови (најдобро е да користите нож за пица). Секој дел виткајте го во кифличка и ставајте ги во подмачкан плех. Оставете ги повторно да нараснат.

Во меѓувреме, загрејте ја рерната на 180°C. Нараснатите кифлички намачкајте ги со изматено јајце и посипете ги со сусам. На секоја кифличка ставете по едно мало парче маргарин. Печете ги околу 25 минути.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран