Полицијата од Мајами поднесе тужба против Мет Дејмон и Бен Афлек поради филмот „Пленот“
Филмската индустрија повторно се најде во фокусот на јавноста, овојпат поради судир меѓу реалноста и она што е прикажано на екранот.
Остварувањето, кое се појави на стриминг платформа на почетокот на годината, тврди дека е инспирирано од вистински настани. Приказната се темели на голема полициска акција од 2016 година, кога биле запленети десетици милиони долари поврзани со криминални активности.
Но, полицајците кои биле дел од таа акција тврдат дека филмот додава измислени елементи кои ги прикажуваат како вмешани во криминал, корупција и злоупотреба на службената положба. Според нив, ваквото претставување оставило сериозни последици врз нивниот личен и професионален углед.
Еден од детективите изјавил дека по објавувањето на филмот бил изложен на потсмев и непријатни прашања, иако, како што тврди, во реалноста не било направено ништо незаконско.
Правните експерти посочуваат дека ваквите случаи се исклучително сложени. За да успеат, тужителите треба да докажат дека авторите свесно ги извртувале фактите или намерно пласирале невистини, што ретко може лесно да се потврди.
Целиот случај повторно ја отвори дилемата: каде завршува уметничката слобода, а каде започнува одговорноста кон вистинските луѓе чии приказни се користат како инспирација.








