Вака ќе изгледа новото Југо – дали би го купиле?
По повеќе од две децении, легендарниот автомобил Југо официјално се враќа. Компанијата во февруари потврди дека планира повторно производство, а новиот модел ќе биде модерен мал хечбек кој визуелно потсетува на оригиналот од 1980-тите и 1990-тите.
Се работи за дводелен хечбек со дизајн што повикува на носталгија – компактна форма, коцкест профил и едноставни линии, но овојпат збогатен со сите елементи што се очекуваат од автомобил произведен во 2025 година. Минималистички, но технолошки усовршен – Југо се враќа со нова енергија.