ПРВ.мк
Магазин

Тања Савиќ ја фрли бомбата: „Славица му ги покажа градите на моето момче“ – откриена причината за крајот на пријателството

Тања Савиќ ја фрли бомбата: „Славица му ги покажа градите на моето момче“ – откриена причината за крајот на пријателството
Escape

Пејачката Тања Савиќ ја отвори душата и конечно ја откри вистинската причина зошто повеќе не е во контакт со својата некогаш најблиска пријателка и колешка Славица Ќуктераш.

Како што изјави за „Скандал“, нејзиното разочарување било толку длабоко што нивното пријателство завршило во истиот момент кога Славица направила нешто што Тања никогаш не ѝ го простила – му ги покажала голите гради на тогашното момче на Тања, и тоа додека сите тројца биле заедно во автомобил.

„Се враќавме од плажа, јас бев напред, таа назад. Во еден момент таа ја крена кошулата и преку ретровизорот му ги покажа градите на моето момче! Бев во шок!“ – откри Тања, која додаде дека по тој настан целосно ја прекинала комуникацијата со Славица.

Иако Славица ѝ честитала за закажаниот концерт во Белградската арена, Савиќ вели дека никогаш нема да го заборави тој чин на предавство.

„Бевме како сестри, делевме сè. Не ми е јасно што мислеше кога го направи тоа“ – заврши Тања, која денес ужива во врската со Мухамед Бешиќ и го живее своето љубовно лето.

Ask ChatGPT

Mia Home Mavrovo