Морковот е еден од најдостапните зеленчуци во секое време од годината и е идеален за подготовка на здрави и енергетски напитоци. Еве неколку здравствени придобивки што ги нуди овој вкусен зеленчук:
Ја зајакнува имунолошката одбрана
Особено важно во периоди на вирусни инфекции. Покрај здрава исхрана, спиење и редовно вежбање, сокот од морков е одличен избор бидејќи е богат со витамин Ц, кој телото не може само да го произведе.
Го подобрува видот
Витаминот А, кој се наоѓа во морковите, е моќен антиоксидант и има важна улога во одржувањето на здравјето на очите. Недостатокот на витамин А може да предизвика ноќно слепило.
Помага во контрола на желбата за нездрава храна
Ако често имате потреба да јадете нешто, обично од досада, сокот од морков ќе ве држи сити подолго време. Со повеќе од 2 грама протеини во една чаша сок, тој е одлична ужина и помага да се избегне консумирање на бонбони или чипс.
Ја подобрува состојбата на кожата
Витамините А и Ц во морковот помагаат кожата брзо да зарасне, да произведува повеќе колаген и да ја одржуваат кожата здрава и сјајна.
Помага при контрола на крвниот притисок
За луѓето со хипертензија, сокот од морков е одличен избор. Калиумот помага да се минимизира ефектот на солта и го одржува крвниот притисок во нормала, додека истовремено е корисен за здравјето на срцето.
Го подобрува варењето
Сокот од морков помага при проблеми со надуеност и гасови. Природно ја регулира дигестивната функција и ја подобрува апсорпцијата на хранливи материи.
Го намалува холестеролот
Редовната консумација на морковски сок помага во регулирањето на нивото на холестерол, што има позитивен ефект на целокупното здравје.
Секојдневното внесување сок од морков е едноставен и вкусен начин да го подобрите своето здравје.