ПРВ.мк

10 најдосадни градови: Дубаи прогласен за најдосаден град, a последниот на листата е еден од омилените за живот на Македонците

10 најдосадни градови: Дубаи прогласен за најдосаден град, a последниот на листата е еден од омилените за живот на Македонците
Jumbo Banner

Популарниот литвански портал „Борд Панда“ (Bored Panda) објави листа на 10 „најдосадни градови“ во светот, базирана на критики од корисниците на платформата „Редит“ (Reddit). На оваа листа се најдоа метрополи кои некои ги опишуваат како „места без душа“.

Дубаи, туристичката атракција на Обединетите Арапски Емирати, се најде на врвот на листата. По него, второто место го делат Доха (Катар), Сиетл и Скрентон (САД). И покрај тоа што овие градови имаат важна економска улога, често се критикувани поради недостигот на „културна содржина“ и впечатокот дека изгледаат „вештачки“.

Таа листа продолжува со американски градови како Хјустон, Орландо, Индијанаполис и Детроит, а следуваат и Милтон Кејнс во Обединетото Кралство и финскиот главен град Хелсинки. Сите овие градови се наведени како места кои, иако имаат модерно урбанистичко планирање и ефикасност, не нудат привлечно искуство за туристите.

Мислењата за оваа листа се поделени: некои ја поддржуваат, додека други ја оспоруваат. Очигледно, секој град се доживува различно, во зависност од личните афинитети и интереси на посетителите.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран