ПРВ.мк

МУЗИЧКАТА АКАДЕМИЈА ДОБИ КОНЦЕРТЕН КЛАВИР ОД БИЗНИСМЕНОТ КОЧО АНЃУШЕВ

МУЗИЧКАТА АКАДЕМИЈА ДОБИ КОНЦЕРТЕН КЛАВИР ОД БИЗНИСМЕНОТ КОЧО АНЃУШЕВ
VERO Banner

Бизнисменот Кочо Анѓушев му донираше концертен клавир на Факултетот за музичка уметност во Скопје, а настанот беше одбележан со концерт во Македонската опера и балет, каде на инструментот, кој е од реномиран австриски бренд FEURICH, прв концертираше маестро Симон Трпчевски.

,,Кога слушнав дека Факултетот за музичка уметност последен пат имал нови пијана пред 50 години, таа информација многу ме замисли. За жал, нашата земја никогаш не била доволно богата да може да си дозволи да инвестира во уметноста толку колку што навистина треба и заслужува, вклучително и во образованието на нашите уметници.

Решив да купам концертен клавир од мене лично и да го подарам на Музичката академија. И јас сум професор и знам што ќе значи тоа за студентите и за академијата’’-изјави Анѓушев.

Донацијата беше промовирана со настан во Македонската опера и балет, организиран од амбасадорот на Австрија, Мартин Памер, a во присуство на претседателката Гордана Силјановска Давкова и на министерот за култура Зоран Љутков.

Проф. д-р Анѓушев и компаниите БРАКО и ФЕРОИНВЕСТ досега имаат донирано во образование, здравство, спорт, проекти за општинска инфраструктура и во верски објекти.

Agria
Stenton
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран