ПРВ.мк

Костадинов како Викинг, Дрвошанови избрани за принц и принцеза на струмичкиот карневал

Костадинов како Викинг, Дрвошанови избрани за принц и принцеза на струмичкиот карневал
VERO Banner

Струмица го доби својот карневалски принц и принцеза за оваа година – Митко и Кате Дрвошанови, кои ќе го предводат големото карневалско дефиле. Тие беа избрани на синоќешниот маскенбал, каде што се појавија во костими инспирирани од модерен лик и божицата Афродита.

Митко и Кате Дрвошанови се принцот и принцезата кои ќе го предводат големото карневалско дефиле во Струмица (Фото: В.Трајков)
Митко и Кате Дрвошанови се принцот и принцезата кои ќе го предводат големото карневалско дефиле во Струмица (Фото: В.Трајков)

Митко Дрвошанов, долгогодишен учесник на карневалот, истакна дека за него ова е голема чест и дека сака да даде свој придонес за развојот на оваа традиција.

„Струмичкиот карневал е вековна традиција која со задоволство ја негуваме и сакаме да ја направиме уште поголема и поатрактивна за посетителите,“ изјави Дрвошанов.

Маскенбалот привлече бројни гости, меѓу кои и градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов, кој дојде во друштво на својата партнерка Снежана. Нивниот избор на маска беа викинзи, а градоначалникот објасни дека нивната симболика има посебно значење.

„Викинзите се симбол на чест, храброст и непокорност. Оваа маска ја одбравме заеднички, со љубов кон традицијата,“ изјави Костадинов.

Вечерва низ улиците на Струмица ќе продефилираат 35 групни маски, во кои ќе учествуваат околу 1000 карневалисти, не само од Македонија, туку и од Хрватска, Србија, Црна Гора и Бугарија. Настанот традиционално привлекува големо внимание и се очекува да биде спектакуларен.

Agria
Stenton
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран