Платформата за резервација на патувања Omio направи анализа на 17 различни фактори за да утврди кои европски градови нудат најдобри услови за здрав и избалансиран живот, како за своите жители, така и за туристите. На врвот на листата се најде Мадрид, главниот град на Шпанија, со вкупна оценка од 78,62 од можни 100 бода.
Здравјето во урбаните средини зависи од многу аспекти – квалитетот на воздухот, нивото на бучава, достапноста на зелени површини, можностите за рекреација и бројот на сончеви денови. Omio ги земал предвид сите овие фактори, вклучувајќи и бројот на спа центри, теретани, ниво на загадување и пристапност за пешаците.
Мадрид се истакнал со високи оценки во речиси сите категории, особено по квалитетот на живот, со 360 спа центри и просечно 2.712 сончеви часа годишно, што го прави еден од најсончевите главни градови во Европа.
На второ место се најде Лисабон со 75,36 бодови, каде градските власти инвестираат во отворање нови зони на тишина и обезбедување бесплатен пристап до зелените паркови. Третото место му припадна на Виена, а меѓу првите 20 градови кои се издвојуваат како најпогодни за здравје и велнес се наоѓаат и Загреб, Љубљана и Будимпешта.
Топ 20 европски градови за здравје и добробит се: Мадрид, Лисабон, Виена, Прага, Амстердам, Хелсинки, Копенхаген, Талин, Рим, Загреб, Будимпешта, Љубљана, Берн, Берлин, Луксембург, Рига, Софија, Вилњус, Атина, Стокхолм, Јереван, Рејкјавик.