Денес, на Светската конференција на УНЕСКО – МОНДИАКУЛТ во Барселона, министерот за култура и туризам учествуваше на два значајни панела, меѓу кои и „Culture and Education – Cultural Rights – Culture and Peace“. На настанот присуствуваа високи претставници од бројни држави, меѓу кои министри и заменик-министри за култура од Андора, Бахреин, Гвинеја, Панама, Русија, Ерменија и други.

Во своето обраќање, министерот потенцираше дека културата е право, а не привилегија, дека младите, жените и лицата со попреченост треба да имаат еднаков пристап до културниот живот, и истакна дека меѓународната соработка, културната размена и дигиталната достапност се клуч за инклузивна и просперитетна култура.

Министерот подвлече дека македонските културни политики се темелат на принципот „право на култура“ и конвенциите на УНЕСКО, нагласувајќи дека културната разновидност е двигател на одржлив развој и дека културата треба да биде вистински дом за сите граѓани.