ПРВ.мк
Култура

Македонија и Турција ја зацврстуваат културната соработка на МОНДИАКУЛТ 2025

Македонија и Турција ја зацврстуваат културната соработка на МОНДИАКУЛТ 2025

Министерот за култура, на маргините на Светската конференција МОНДИАКУЛТ, оствари средба со заменик-министерот за култура и туризам на Република Турција, Гокхан Јазги. На состанокот беше нагласена одличната соработка меѓу двете држави во областа на културата и потенцијалот за нејзин понатамошен развој.

Министерот и неговиот колега детално ги разгледаа активностите на културно-информативните центри во двете земји, со посебен акцент на нивното унапредување и поефикасно функционирање. Меѓу главните теми на разговор беше и изградбата на Турскиот театар во Скопје, како и можностите за активно вклучување на турската страна во неговото уредување.

Двете страни се согласија дека врз основа на досегашното позитивно искуство, во наредниот период ќе продолжат со подготовка на заеднички досиеја за впишување на културни добра на листите за нематеријално културно наследство на УНЕСКО, со цел заедничка промоција и зачувување на богатството на културните традиции.

Escape