ПРВ.мк

Путин потпиша декрет: Со пролетната кампања, ќе се регрутираат 160.000 млади луѓе

Путин потпиша декрет: Со пролетната кампања, ќе се регрутираат 160.000 млади луѓе
Jumbo Banner

Русија ќе започне пролетна кампања за регрутирање, во која ќе учествуваат 160.000 млади луѓе на возраст од 18 до 30 години, според декретот потпишан од претседателот Владимир Путин.

Овој број на регрути е поголем во споредба со претходните две години. Војската гарантира дека новите регрути нема да бидат испратени во Украина, каде руските сили се борат од февруари 2022 година.

Регрутирањето се врши двапати годишно, во пролет и во есен, а кампањата започнува во вторник, согласно декретот што беше објавен денеска. Според овој декрет, 160.000 руски државјани на возраст од 18 до 30 години ќе бидат повикани на воена служба од 1 април до 15 јули годинава.

Во 2024 година, пролетното регрутирање вклучуваше 150.000 луѓе, во 2023 година имаше 147.000, а во 2022 година 134.500, јавува руската новинска агенција ТАСС. Овој раст се поврзува со указите на Путин за постепено зголемување на бројот на руските војници.

На почетокот на 2022 година, Русија имаше околу милион војници, а за три години нивниот број се зголемил на 1,5 милиони, додава ТАСС.

„Претстојната кампања за регрутирање нема никаква врска со специјалната воена операција во Украина“, соопшти Министерството за одбрана на Русија, користејќи го терминот што земјата го употребува за нападот врз Украина.

Agria
Stenton
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран