Во време кога глобалните трговски тензии повторно се интензивираат, Tesla се најде во центарот на вкрстен оган. Новите високи тарифи воведени од страна на САД и Кина создадоа сериозни предизвици за компанијата, посебно во контекст на нејзината зависност од увозни компоненти и извозни пазари. Американската администрација воведе тарифи од 145% на увоз на кинески автомобилски делови, што доведе до блокирање на Cybercab – новиот автономен модел на Tesla. Одговорот на Кина беше подеднакво агресивен: 125% тарифа на американските EV, што ја принуди Tesla да суспендира нови нарачки во земјата.
Оваа трговска војна се совпадна со политичките контроверзии околу ангажманот на Илон Маск во администрацијата на Доналд Трамп, што дополнително ја разниша довербата на инвеститорите. Во комбинација со економската неизвесност, резултатите на компанијата за првиот квартал од 2025 година беа под сериозен притисок.
Дополнително, Tesla се соочува со Tesla Takedown протести: Кампања против Tesla поради поврзаноста со владата; вклучува протести, вандализам и бојкоти во повеќе градови.
Финансиски резултати: Јасен сигнал за забавување
Tesla пријави вкупен приход одѕна само 2.1%. Бруто маргината падна на 16.3%. Единствен позитивен сигнал беше слободниот паричен тек од $664 милиони – подобрување во споредба со негативните $2.5 милијарди лани.
Сегментна анализа: Енергијата блеска, автомобилите кочат
Иако автомобилскиот сегмент и натаму доминира со $14.0 милијарди приходи, тој забележа пад од 20% YoY. Од друга страна, енергетскиот бизнис на Tesla продолжува да расте со импресивни 67%, достигнувајќи $2.7 милијарди – потврда за растечката важност на Megapack и Powerwall решенијата. Сегментот „услуги и други“ генерираше $2.6 милијарди, со раст од 15%.
Што следува: Стратегија во сенка на геополитиката
Во обид да ја стабилизира ситуацијата, Tesla најави неколку клучни потези:
● Почеток на производство на поевтини модели во првата половина од 2025
● Пилот лансирање на роботакси во Остин во јуни
● Реструктурирање на производствените капацитети за Model Y
● Повлекување на Маск од политичките активности и поголема фокусираност на Tesla
Маск изјави дека неговата политичка ангажираност во DOGE ќе биде намалена поради загриженоста на инвеститорите и реакциите на пазарот, каде акциите на Tesla изгубија речиси 50% од вредноста од декември.
Tesla влезе во 2025 година со повеќе предизвици отколку успеси. Финансиските резултати го рефлектираат влијанието на глобалната политика, забавената побарувачка, но и внатрешните реструктурирања. Сепак, иновациите, растот на енергетскиот сегмент и долгорочните проекти за автономија можат да бидат основа за враќање на довербата. Како и досега, Tesla останува компанија која не се оценува само по квартални резултати, туку и по визијата – прашање е дали овој пат визијата може да се одржи пред реалноста на пазарот.