ПРВ.мк

Супер вести: Доколку припаѓате на оваа група граѓани, веднаш проверете си ги сметките, исплатата е започната!

Супер вести: Доколку припаѓате на оваа група граѓани, веднаш проверете си ги сметките, исплатата е започната!
Jumbo Banner

Во тек е исплатата на правата од социјална и детска заштита.

Министерството за социјална политика, демографија и млади информира дека денеска започна исплатата на правата од социјална, детска и цивилна заштита за месец март 2025 година.

Корисниците на парични права коишто поседуваат дебитна картичка ќе можат да подигнат готовина на банкоматите на банките, да ги користат средствата за безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство од денеска, 04 Април 2025 година.

Со цел да се избегне метеж пред и во банките при исплата на правата, за корисниците кои не користат картички, исплатата ќе се спроведе во 2 групи во сите отворени филијали и експозитури на банките, согласно со утврдениот распоред по азбучен ред, според првата буква од презимето и тоа:

ELS

04.04.2025 – А, Б, В, Г, Д, Ѓ, Е, Ж, З, Ѕ, И, Ј, К, Л, Љ

07.04.2025 – М, Н, Њ, О, П, Р С, Т, Ќ, У, Ф, Х, Ц, Ч, Џ, Ш.

Agria
Stenton
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран