Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) најавува нов сет мерки за поголема заштита на потрошувачите, меѓу кои и месечно отчитување на броилата и вонредни проверки по случаен избор кај граѓаните кои поднеле приговори.
Овие мерки се дел од заедничката стратегија со Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини (МЕРМЕС) со цел зголемување на довербата и расчистување на сомнежите за точноста на мерните уреди.
РКЕ најавува дека оваа иницијатива ќе стапи на сила по завршување на експертските консултации со сите засегнати страни, а граѓаните ќе бидат навремено информирани за деталите. Комисијата останува отворена за предлози и идеи од јавноста и експертите за дополнително унапредување на системот.