Уште една убава вест за македонската економија и граѓаните. Во првиот квартал од 2025 година, заклучно со 31ви/Март, намален е јавниот и државен долг, напиша на Фејсбук претседатлот на македонската влада, Христијан Мицкоски.
Јавниот долг е 57,7% од бруто домашниот производ, а државниот долг е 50,1% од бруто домашниот производ. Ова е најниско ниво во последните пет години и споредено со состојбата од 2020 година, јавниот долг е намален за -2%, а државниот долг е намален за -0,7%.Одлични индикатори за состојбата на македонската економија. После првата фаза на стопирање на слободното паѓање што се случуваше седум години, побргу од очекуваното се случи консолидирање, сега следува период на развој и реализација на стратешките цели во овој мандат на владата. Продолжуваме со дисциплинирани и развојни економски политики. Горда Македонија е богата Македонија! Истакна Мицскоски.
Македонија станува повторно твоја! Порачува Мицкоски.