ПРВ.мк
Црна Хроника

Убиецот Илија ја усмртил велешанката пред семејниот праг: Ова е куќата на убиените ќерка и татко – пред два месеци на девојката и бил украден автомобилот

Убиецот Илија ја усмртил велешанката пред семејниот праг: Ова е куќата на убиените ќерка и татко – пред два месеци на девојката и бил украден автомобилот

Во Велес се случи шокантно двојно убиство и самоубиство, кое ја потресе јавноста. Жртви се поранешната партнерка на убиецот, Р.К. (31), и нејзиниот татко, К.К. (74). Двојката била пронајдена со повреди од остар предмет, додека 39-годишниот убиец, И.С. од Скопје, кој претходно имал сериозни закани кон жртвите, сам си го одзел животот со истиот нож.

Според официјалното соопштение на СВР Велес, жената била пронајдена пред својот дом, а потоа полицијата ја пронашла и жртвата во домот на нејзиниот татко. Увид на местото на настанот изврши јавен обвинител заедно со екипа на СВР Велес. Телата се испратени на обдукција во Институтот за судска медицина во Скопје.

Пријателите на убиената велешанка раскажуваат дека таа повеќе пати пријавувала малтретирање од страна на И.С., а соседи додаваат дека пред два месеца ѝ бил украден личниот автомобил. Семјната куќа на жртвите е обезбедена од полициски службеници, додека истрагата продолжува.

Случајот ја отвори јавната дебата за заштита на жртвите од семејно насилство и ризиците од претходно пријавени закани, но сепак не се превземени доволни мерки за спречување на трагедијата.


Escape