ПРВ.мк
Црна Хроника

Уапсен осомничениот за денешното убиство на повозрасен охриѓанец! - ова се деталите

Уапсен осомничениот за денешното убиство на повозрасен охриѓанец! - ова се деталите
Kristal

Полициски службеници од Секторот за внатрешни работи (СВР) Тетово попладнево уапсиле жител на селото Брвеница кој се сомничи за убиство на 76-годишен охриѓанец. Безживотното тело на К.М. било пронајдено денеска наутро во неговиот дом на улицата „Нада Филева“ во Охрид.

Педесет и тригодишниот Ж.Г. бил лишен од слобода во 17:20 часот, по претходно распишана централна потерница од СВР Охрид. На местото на настанот бил извршен увид од јавен обвинител и полициски екипи, а лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт. Телото е предадено за обдукција по наредба на јавен обвинител.

Министерството за внатрешни работи наведува дека по целосното расчистување на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава против осомничениот.

SWM
Mozzart
Pharmanova
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo