ПРВ.мк
Црна Хроника

Уапсен опасен бегалец по меѓународна потерница: При претходно апсење го користел детето како „жив штит“

Уапсен опасен бегалец по меѓународна потерница: При претходно апсење го користел детето како „жив штит“

Педесет и тригодишниот А.К. од Белград, по кого била распишана меѓународна потерница поради повеќе кривични дела, е уапсен во Шабац и веднаш е спроведен на издржување затворска казна.

Според информациите објавени во српските медиуми, А.К. им бил добро познат на припадниците на специјалните полициски единици поради драматичен инцидент при едно негово претходно апсење.

Тогаш, според објавените информации, тој пукал кон припадници на поранешната Противтерористичка единица (ПТЈ), додека истовремено се криел зад сопственото дете, користејќи го како „жив штит“.

А.К. бил лоциран и уапсен во Шабац од полициски службеници од Одделот за целни потраги, познат како ФАСТ тим.

По него била распишана меѓународна потерница за повеќе кривични дела поврзани со недозволено држење и промет на оружје и експлозивни материи, како и прекршување на изречени безбедносни мерки.

По апсењето, 53-годишникот веднаш бил спроведен во затвор на издржување на казната. Според објавените информации, за делата за кои бил баран му следува затворска казна во траење од шест и пол години.