ПРВ.мк

Тетово: Пожар зафати куќа на улицата Јордан Златановски, едно лице повредено

Тетово: Пожар зафати куќа на улицата Јордан Златановски, едно лице повредено
Jumbo Banner

РЦУК – Тетово извести дека денеска избувнал пожар во куќа лоцирана на улицата Јордан Златановски бр. 32. Во гаснењето на пожарот моментално интервенираат шест пожарникари со две противпожарни возила.

Според информациите, едно лице се здобило со лесни телесни повреди и е пренесено во тетовската болница. Причините за избувнувањето на пожарот засега не се познати, а екипите на терен работат на негово целосно локализирање.

Надлежните институции најавија дека ќе следува увид за утврдување на причините и обемот на штетата.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран