Во пожарот што избувна во дискотеката во Кочани, загина иЛепа Тасева, на 25-годишна возраст.
Нејзиниот татко, Бобан Тасев, претходно трагајќи по неа и нејзината сестра Марија, изјави: „Дојдовме тука да ја бараме, во Кочани ја нема, во Скопје ќе ја бараме“.
Таткото сведочи дека ја нашол Марија, која е хоспитализирана поради повреди што ги задобила при падот за време на евакуацијата. За жал, при паничната ситуација, врз неа газеле други луѓе кои се обидувале да се спасат.