Педесет и седумгодишен жител на Тетово е лишен од слобода поради долготрајно вознемирување на 18-годишна девојка. Според полицијата, тој ја следел и ја снимал без нејзина согласност.
Инцидентот се случил завчера околу 12:10 часот на улицата „Јадранска“, по претходна пријава од оштетената. СВР Тетово соопшти дека против осомничениот, Е.И. (57), ќе биде поднесена соодветна пријава по целосно документирање на случајот.

















