ПРВ.мк
Црна Хроника

ШТИПЈАНЕЦ СО БРАТ МУ ЈА ПРЕТЕПАЛЕ СОПРУГАТА: Во инцидентот вмешани и други блиски роднини - еве каква казна им се заканува!

ШТИПЈАНЕЦ СО БРАТ МУ ЈА ПРЕТЕПАЛЕ СОПРУГАТА: Во инцидентот вмешани и други блиски роднини - еве каква казна им се заканува!

Секторот за внатрешни работи Штип поднесе кривични пријави против Т.Н. (30) и С.Н. (32), двајцата жители на Штип, поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело „насилство“.

Според информациите наведени во полицискиот билтен, случајот се случил на 28 јули 2026 година, во семејна куќа во Штип.

Првопријавениот Т.Н., заедно со својот брат С.Н., наводно физички ги нападнале неговата сопруга и други блиски членови на семејството. Според пријавеното, за време на инцидентот кон нив биле упатувани и закани.

По пријавениот настан, случајот бил документиран од страна на полициските службеници, по што СВР Штип поднел соодветни кривични пријави до надлежните институции.

Надлежните органи ќе ги утврдуваат сите околности поврзани со случајот и индивидуалната одговорност на пријавените лица.

Најнови вести