ПРВ.мк
Црна Хроника

МИСТЕРИЈА ВО СКОПЈЕ: Пронајдено уште едно тело на маж во рок од 24 часа - полицијата истражува!

МИСТЕРИЈА ВО СКОПЈЕ: Пронајдено уште едно тело на маж во рок од 24 часа - полицијата истражува!

Седумдесетгодишен скопјанец бил пронајден починат на подрачјето на Скопје, а случајот бил пријавен во раните утрински часови во СВР Скопје.

Според информациите од полицијата, на 2 октомври 2026 година во 05:30 часот било пријавено дека на подрачјето на Скопје бил пронајден починат Ј.Х. (70) од Скопје.

По добиената пријава, на местото била повикана екипа на Итната медицинска помош. Лекарот кој пристигнал констатирал смрт кај 70-годишниот скопјанец.

За случајот бил известен јавен обвинител, кој дал насоки за понатамошното постапување. По добиените насоки, телото на починатиот било предадено на обдукција.

Со обдукцијата треба да се утврдат причината и околностите за смртта. Во моментов нема дополнителни информации за тоа што довело до смртта на 70-годишниот скопјанец.

Надлежните институции продолжуваат со постапката и со прибирање на потребните информации за целосно документирање на случајот.

Најнови вести