Седумдесет и шестгодишен жител на Охрид бил приведен откако во семејниот дом физички нападнал член на своето семејство, а потоа испукал два куршуми во воздух од пиштол.
Според информациите од полицијата, случајот се случил на 5 октомври, а И.С. (76) од Охрид бил лишен од слобода околу 19:15 часот на улицата „Кленоец“.
По инцидентот, полициски службеници од СВР Охрид извршиле увид и претрес во неговиот дом врз основа на судска наредба.
При претресот бил пронајден пиштолот од кој, според пријавеното, биле испукани двата куршуми. Оружјето било одземено од полицијата.
Од МВР информираат дека по целосно расчистување и документирање на случајот, против 76-годишниот охриѓанец ќе биде поднесена соодветна пријава.






