ПРВ.мк

„Се изгоре за две минути, се направи стампедо“ – сведоштво на девојче кое било во дискотеката

„Се изгоре за две минути, се направи стампедо“ – сведоштво на девојче кое било во дискотеката
VERO Banner

Роднини на повредените во изјава за „360 степени“ велат дека во дискотеката имало деца на возраст од 15 до 23 години.

Роднини на повредените деца во дискотеката во Кочани, во изјава за „360 степени“, откриваат каква е состојбата на повредените. Бранко Митев од Кочани, пред ГОБ „8 септември“, чека да го види својот 23-годишен внук.

Тој вели дека внукот е полесно повреден, но е истрауматизиран.

„Огромен број на луѓе млади, 51 се починати, сите болници се полни со повредени. Внук ми со Брза помош го донесоа тука, ние по нив одевме. Сега не можам да влезам да го видиме. Имам информација дека негово многу добро другарче починало, молам Бога да не е така“, вели Митев.

Негов сограѓанин од Кочани исто така чека да го види 21-годишниот внук. И тој бил добар, сам им се јавил по телефон да ги информира дека е во болница.

Тој во изјава за „360 степени“ вели дека во дискотеката имало деца на возраст од 15 до 23 години.

Девојче кое било внатре во дискотеката и кое пред болницата „Свети Наум Охридски“ чека информации за состојбата на своите другари, во изјава за медиумите рече дека се пламнало за две минути и оти се се случило многу брзо, а пожарот почнал од покривот.

„Пробуваа да реанимираат луѓе и на лице место. Пожарна и амбуланта стигнаа на време, но не беа доволно. Имаше стампедо при излезот. Јас моментално чекам другар тука, тој има изгореници на рака. На почетокот не можевме да поверуваме дека има чад и оган, а потоа настана огромна паника меѓу присутните и имаше стампедо при излез од клубот“, изјави девојчето кое не сакаше да биде снимано.

Превземено од 360

Agria
Stenton
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран