ПРВ.мк

Санкциониран возачот кој со возило се движеше по велосипедска патека во скопски Бутел

Санкциониран возачот кој со возило се движеше по велосипедска патека во скопски Бутел
Jumbo Banner

Во врска со објавеното видео во дел од медиумите на кое се гледа како патничко возило “Ауди” со скопски регистарски ознаки се движи по велосипедска патека на ул. “Бутелска” ве известуваме дека настанот се случил на 23.04.2025 околу 16.30 часот.

Веднаш од страна на Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје се преземени соодветни мерки и активности при што е пронајден возачот на возилото З.С.(43) и на истиот му е изречена законски предвидената глоба.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран