ПРВ.мк
Црна Хроника

Само неколку часа по прославата на полнолетството: 18-годишник загина враќајќи се дома

Само неколку часа по прославата на полнолетството: 18-годишник загина враќајќи се дома

Тешка сообраќајна несреќа се случила во селото Рабровац кај Младеновац, каде животот го загубил 18-годишниот С.М., само неколку часа откако го прославил своето полнолетство.

Според првичните информации од српските медиуми, момчето по прославата седнало зад воланот за да однесе свој другар дома. Откако го оставило пријателот, тргнало кон својот дом, но не стигнало до него.

На локалниот пат кон Јагњило, под сè уште неутврдени околности, 18-годишникот изгубил контрола над автомобилот, излетал од коловозот и удрил во столб од електричната мрежа.

Ударот бил исклучително силен, а според медиумските информации, момчето било исфрлено од возилото. Починало на самото место од здобиените повреди.

Несреќата, според објавените информации, ја видел и возач кој со друг автомобил се движел зад него.

На местото пристигнале полицијата, екипа на Итната медицинска помош и дежурен обвинител. Телото на починатиот е испратено на обдукција со цел да се утврдат сите околности на трагедијата.

Првичните сомнежи се дека неприлагодена, односно голема брзина можеби придонела за несреќата, но официјалната причина допрва треба да биде утврдена.