На 29 март 2025 година, околу 23:30 часот, полициските службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода 40-годишниот Љ.А. од Кавадарци, поради сериозни прекршоци во сообраќајот. Тој, управувајќи со патничко возило „пасат“ со бугарски национални ознаки, се движел со голема брзина и не му дозволил премин на пешаците на обележаниот пешачки премин на улица „Илинденска“ во Кавадарци.
Полициските службеници го сопреле возилото, кое било привремено одземено поради кршење на Законот за безбедност на сообраќајот. При проверките, откриено било дека Љ.А. управувал со возилото додека имал активна забрана за возење на возила од категорија „Б“. Дополнително, направеното алкотестирање покажало присуство на 1.7 промили алкохол во неговата крв.
Лицето било задржано во полициска станица, а јавниот обвинител е известен за случајот. По целосното документирање на настанот, ќе бидат поднесени соодветни пријави за сторените прекршоци и кривични дела.