ПРВ.мк

Полицијата објави видео: Уапсен чаричанец, погледнете каде ја криел марихуаната (ВИДЕО)

Полицијата објави видео: Уапсен чаричанец, погледнете каде ја криел марихуаната (ВИДЕО)
Jumbo Banner

Претрес во Скопје, пронајдена марихуана

На 03.04.2025 во 18.20 часот во Скопје, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишиле од слобода З.Т.(60) од Скопје. При извршен претрес во неговиот дом и подрумски простории на подрачјето на Чаир, а по претходна наредба од Основен кривичен суд Скопје, биле пронајдени и одземени дигитална вага и 14 тегли и една кеса со марихуана, со вкупна тежина од еден килограм и 780 грама.

По целосно документирање на случајот ќе следува кривична пријава по брза постапка по чл.215 од КЗ.

Погледнете го видеото:

ELS
Agria
Stenton
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран