Струмица – Во текот на вчерашниот ден, Територијалната противпожарна единица Струмица интервенираше во неколку сериозни инциденти.
- 03:42 часот: Пожарникарите и спасителите извлекле починато лице и трактор кој паднал во каналот од поројот од ул. „Крушевска Република“ кон село Сачево. За интервенцијата било ангажирано едно пожарникарско возило и четворица пожарникари-спасители.
- 14:24 часот: Пријавена е запалена куќа на ул. „Бошко Буха“ бр. 6. На лице место интервенирале две пожарникарски возила и седум пожарникари-спасители.
- 16:35 часот: Гасење на запалена депонија во близина на село Градско Балдовци. За интервенцијата било ангажирано едно возило и двајца пожарникари-спасители.
Од ТППЕ Струмица истакнуваат дека сите интервенции биле извршени навремено со цел да се спречат дополнителни штети и ризици за граѓаните.

















