ПРВ.мк

МВР со детали за тешката несреќа во Скопје каде загинаа две лица!

МВР со детали за тешката несреќа во Скопје каде загинаа две лица!
Vero

На 23.05.2025 во 18.16 часот во СВР Скопје е пријавено дека на крстосница од бул.„Никола Карев“ и бул.„8 Септември“ во Скопје, мотоцикл со скопски регистарски ознаки, управуван од С.И.(47) од Скопје, излетал од коловозот и удрил во бетонски столб.

Од здобиените повреди, возачот и неговата сопатничка А.Н.(32) од Скопје починале на местото на несреќата. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт кај лицата.

Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје и јавен обвинител, по чија наредба телата на починатите се предадени во Судска медицина на обдукција.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран