Страшен инцидент се случил во слаткарница во Јапонија, каде што три лица го загубиле животот за време на прослава по повод 20-годишнината од работењето на објектот.
Според јапонските медиуми, пожарот во слаткарницата „Sunrise“ избувнал околу 21 часот. Полицијата добила повик од лице кое пријавило дека некој бил избоден, дека просториите биле испрскани со бензин и дека потоа избувнал пожар.
Во моментот на инцидентот во слаткарницата имало 11 лица. Полицијата се сомнева дека едно од присутните лица можеби било вмешано во случајот.
Пожарникарите се бореле со огнот околу три часа, а изгореле приближно 300 квадратни метри од двокатниот објект.
По гаснењето биле пронајдени две тела, додека уште три лица биле пренесени во болница. Едно од нив подоцна починало, со што бројот на жртвите се искачил на три.
Полицијата продолжува со истрагата за да ги утврди сите околности и мотивот за трагичниот настан.








